Официјално: Симеоне го продолжи договорот со Атлетико до 2022 година

Од:

Тренерот на Атлетико Мадрид – Диего Симеоне, ќе продолжи да ја пишува модерната историја на клубот. Аргентинецот ги израдува навивачите на „јорганџиите“, откако денеска гопродолжи својот договор до летото 2022 година.

Сегашниот договор на Аргентинецот беше до крајот на сезоната 2019/2020 година.

Популарниот Чоло застана на чело на Атлетико на крајот на 2011-та, а оттогаш освои 7 трофеи – два пати Лига Европа, еднаш титулата во Шпанија, по еднаш Купот и Суперкупот на Шпанија и два Суперкупа на Европа.

Тој успеа да го пласира тимот во две финалиња во Лигата на Шампионите – 2014 и 2016 година, изгубени од Реал Мадрид.

Симеоне има 412 натпревари на чело на тимот – 252 победи и 216 „суви“ мрежи.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) На дербито Атлетико Национал и Индепендиенте, фудбалер беше погоден со нож во глава

Горан Наумовски

Глума каква нема ни во театар: Поранешен играч на Атлетико „одглуми“ повреда по дуел со противник

Горан Наумовски

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико ќе го добие Гризман бесплатно ако фудбалерот одигра помалку од 50 отсто од натпреварите во 2022/23

А1он

Атлетико му нуди нов договор на Симеоне

Симеоне заразен со Ковид-19

А1он