Атлетико му нуди нов договор на Симеоне

Од:

Тренерот Диего Симеоне наскоро би можел да потпише договор за продолжување на соработката со Атлетико Мадрид, објавија локалните медиуми, ден откако клубот под водство на аргентинскиот стратег ја освои шпанската титула.

Симеоне има важечки договор со Атлетико до лето 2022 година, а според шпанските медиуми, клупското раководство му нуди продолжување на соработката за уште две години.

Разговорите за продолжување на соработката биле иницирани од раководството уште пред крајот на сезоната со цел да му покажат на Симоне дека се задоволни од неговата работа.

Симеоне дојде во мадридски Атлетико на крајот од 2011 година од редовите на аргентински Расинг. Со Атлетико ја освои шампионската титула и во 2014 година, шпанскиот Куп една година порано, како и по два трофеи во Лига Европа и европскиот Супер куп.

Би можело да ве интересира

Фернандо Торес покажа како ги направи неверојатните мускули

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски

Мората: Среќен сум во Атлетико Мадрид

Роналдо во Атлетико Мадрид, Жоао Феликс во Манчестер Јунајтед?