Покетино: Моите играчи се херои

Од:

Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, по победата над Борусија во осминафиналето од Лигата на шампионите (3:0) ги нарече своите избраници херои.

– Не сакам да кажам дека тимот во првото полувреме беше нервозен, но во вториот дел одигравме многу добро. За време на паузата, ние им покажавме на играчите неколку ситуации кои би можеле да се завршат различно. Се обидовме да му помогнеме на тимот да ги донесе вистинските одлуки и да дејствува на најдобар можен начин. Плус, секогаш ти треба среќа. По првиот гол почнавме да играме со поголема самодоверба. Момците ги заслужуваат најубавите зборови бидејќи покажаа фантастична игра. Моите играчи се херои, изјави Покетино.

Сепак, и покрај големата предност од три гола, тренерот на Тотенхем во никој случај не смета дека победникот е решен.

– Тоа беше само одлична игра што ја играат моите играчи. Ова е само првата половина од пресметката. 3: 0 е многу добар резултат, но мораме да одиме во Дортмунд како да е 0:0. Има уште многу работа, вели Покетино.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска