Диего Коста закрепна пред дуелот со Јувентус

Од:

Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Диего Коста ја санира повредата на стапалото и закрепна по операцијата во ноември.

Коста, кој беше изложен на хируршка интервенција во неговиот роден Бразил, се врати во тимот на Атлетико и наскоро би можел да игра.

Шпанска „Марка“ објави дека 30-годишниот фудбалер треба да биде подготвен на 20 февруари, за првиот натпревар против Јувентус во осминафиналето Лигата на шампионите.

За време на неговото отсуство, Атлетико најде замена и ја зголеми својата конкуренција со тоа што го доведе Алваро Морате на 18-месечен заем од Челзи.

Дури и пред повредата, Диего Коста беше во лоша форма, тој постигна само четири гола во 2018 година, последниот против Барселона пред да се повреди.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска