Државната комисија за спречување на корупција ќе истражува непотизам во последните вработувања на лица блиски до функционери. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, рече дека нема стигнато претставка но ќе постапат по сопствена иницијатива. Најави дека ќе побараат целосна документација за вработувањата и по анализите ќе ја известат јавноста.
Ивановска истакна дека ќе ги истражат и случаите поврзани со последниот скандал на Министерството за култура и претходно со Фондот за иновации. Во врска со вработувањата на децата на функционерите, Ивановска рече дека нема правило по кој рееослед ќе ги истражуваат, но додаде дека ќе потенцираат дека треба допрецизирање во законот.
Претходно, ДКСК донесе одлука дека нема судир на интереси во изборот на Нури Бајрами за член на анрикоруоциска, кој е баџанак со спикерот на Собранието, Талат Џафери.
Комисијата го разгледа ова прашање, и согласно членот 8 од Законот за спречување корупција каде се наведува кои се роднини на блиско семејство и сватовство, а во Согласност и со одлуката на Уставниот суд со која се појаснети роднини по сватовство до втор степен, нема судир на интереси, рече претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска. Бајрами повтори дека нема да дозволи никакви притисоци и влијанија.
„Следете ме и држете ме за збор, за мене нема блиски и роднини, не сум тука кариера да правам, при крај сум со работниот век, не е пробелм оставката, но тука сум да го пренесам искуството. Жена ми е во приватен сектор, синот е надвор од државата. Јас ако пречам на комисијата ќе се повлечам, но не би се повлекол на ваков начин само заради шоу“, рече Бајрами.
Галена Николовска-Ризвановиќ