Денеска и утре во Варшава се одржува министерска средба посветена на воспоставувањето мир и безбедност во регионот на Блискиот Исток чии домаќини се Полска и САД.
Земјите кои ќе учествуваат на конференцијата ќе ги презентирааат своите оценки и предлози во врска со иднината на регионот. Воспоставувањето безбедност и стабилност на Блискиот исток е приоритет за меѓународната заедница.
Во рамките на средбата ќе се одржат дискусии посветени на тероризмот и екстремизмот, енергетската безбедност и безбедноста на морската трговија, како и за неширењето на ракетните оружја.