Виктор Стојчевски, син на пратеничката Мира Стојчевска од СДСМ, е примен на работа во ЕЛЕМ откако ги исполнил сите критериуми од конкурсот, потврди ЕЛЕМ.
„АД Државни електрани на Македонија ја известува јавноста дека лицето Виктор Стојчевски е примен во редовен работен однос во компанијата по претходно објавен оглас за вработување. За работното место за кое конкурирал, наведениот ги исполнувал сите критериуми наведени во огласот. Комисијата одлучила почитувајќи ги сите законски одредби”, се вели во соопштението.
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција обелодени дека синот на пратеничката Виктор Стојчевски од денес почнал да оди на работа. Тој смета дека власта го скрила ова вработување потенцирајќи дека јавноста треба да знае дали синот на Мира Стојчевска е вработен во ЕЛЕМ.