Вчера во 10 часот во СВР-Скопје, 15-годишна девојка од Скопје пријавила дека претходната ноќ, околу 23 часот во нејзиниот дом била нападната од нејзината 47-годишна мајка и физички нападната од 47-годишниот татко, кој и нанел тешки телесни повреди.
МВР презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.
Малолетничката е згрижена во Центарот за социјални работи, каде е обезбедена целата поддршка.