Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, согласно одлуката на Врховниот суд, бара одбивателна пресуда за случајот „Тортура“ кој се однесува на апсењето на лидерот на ОМ, Љубе Бошкоски.
На денешното рочиште адвокатите кои го застапуваат Мијалков, Љупчо Шврговски и Петар Василев, истакнаа дека обвинението за предметот „Тортура“ е поднесено по истекот н рокот од 18 месеци на СЈО за поднесување обвиненија и врз основа на тоа бараат прекин на постапката.
„Ако судот изврши увид во предметот ќе може да констатира дека јавниот обвинител му го предал предметот на СЈО на 4.12.2015-та година заедно со 28 други предмети. Исто така ќе може да утврди дека СЈО со решение од 9.12.2015-та година воспоставил надлежност врз комплетниот предмет. Рокот за поднесување обвинение не подолг од 18 месеци завршил на 4.06.2017-та година, а од приемниот печат кој се наоѓа на обвинителниот акт на предметот може да се утврди дека СЈО го поднел овој акт до судот на 29.06.2017-та годнина, односно 25 дена вон рокот што е определен со закон“, образложи адвокатот Петар Василев.
Обвинителот од СЈО Љубомир Лапе, предложи да се одбие ова барање велејќи дека Основниот суд Скопје 1 – Скопје позитивно одлучил по обвинението што значи дека судот го прифатил СЈО како овластен тужител.
Судот го одби ова барање на одбраната, велејќи дека приговорот требал да биде поднесен во фаза кога се оценувало обвинението.
Виктор Јованов