Фергусон: Голманите беа главни на „Бернабе“

Од:

[staff name=”Eлена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон ги пофали двајцата чувари на мрежа, Давид де Геа и Диего Луиз, по ремито на својата екипа против Реал Мадрид, во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампиони.

-Давид де Геа имаше три или четири фантастични одбрани, но и голманот на Реал исто така. Ме разочара тоа што во првото полувреме се повлековме назад и ги пуштивме да играат околу нашиот гол, што не личи на нас – изјави Фергусон, по ремито 1:1.

Тој додаде дека ја смениле стратегијата во второто полувреме и постигнаа посакуван резултат.

-Ја променивме стратегијата во второто полувреме, ставајќи го Велбек покрај Чави Алонсо, што покажа резултати. Не дека ја презедовме иницијативата, како што сакавме, но морам да бидам задоволен. Играчите добро ја завршија својата работата и на „Олд Трафорд“ имаме голема можност за поминување во следната фаза – заклучи Фергусон.

Робин Ван Перси имаше две големи шанси во Мадрид, но не успеа да го промени резултатот и да го доведе својот тим во победа.

-Имавме неколку шанси за победа, но некој да ни понудеше 1:1 резултат пред гостувањето, ќе прифатевме. Мислам дека натпреварот беше одличен, за оние кои гледаа – изјави Ван Перси и додаде дека допрва доаѓа вистинскиот фудбал.

Тој рече дека имаат мала предност, но дека во ова ниво на натпреварувањето воопшто не е важно дали предноста е стекната на домашен терен или на стран.

-Ова е дури првото полувреме, мора да се подготвиме за второто – изјави Ван Перси.

Би можело да ве интересира

Прв трофеј за Манчестер сити во Лигата на шампионите

Ана Ололовска

ВИДЕО: Пожар во Истанбул пред финалето на Лигата на шампионите, густ чад над стадионот

Ана Ололовска

Нема „бегање“ од судбината – Барса повторно „налета“ на Баерн во ЛШ, во нивната група и Интер!

Горан Наумовски

Левандовски: Ние сме најголемите фаворити во ЛШ

А1он

Виљареал ја совлада Аталанта за осминафинале во ЛШ

Ана Ололовска

Последно коло од групната фаза во Лигата на шампиони

Ана Ололовска