Сајнц Џуниор охрабрен: Новиот Мекларен е многу различен

Од:

Карлос Сајнц Џуниор изјави дека го видел новиот Мекларен, со кој ќе настапи за 2019, и дека е охрабрен. Според новодојдениот пилот, претстои добра година пред тимот.

– Новите правила отвораат можност пред тимовите кои имале тешкотии минатата сезона. Го видов болидот во фабриката и многу ми се допаѓа како дизајн, иако уште не е обоен. Многу е различен и на прв поглед ми се допадна. Видов исто и кадри со боите на дизајнот, како и аеродинамиката, и сум многу задоволен. Сега најважно е какви ќе бидат резултатите на тестовите, изјави синот на легендарниот рели возач.

Сајнц додаде уште дека британскиот тим извлекол многу лекции од 2018, откако откриле се што не е во ред. Со реконструкцијата и напорите на целиот тим, Мекларен ќе се обиде да се врати таму каде што беше пред десетина години.

Карлос коментираше и какви се шансите за враќање на Алонсо во 2020.

– Уште е многу рано да се процени, тој штотуку си замина. Импресиониран сум од она што го прави тој во моментов, бидејќи знам на што е способен, заврши новиот пилот на Мекларен.

Би можело да ве интересира

Азурно сино Ферари на трката во Мајами

Предраг Петровиќ

Хорнер: Верстапен има привилегии во Ред Бул, исто како Хамилтон во Мерцедес

Саинц победи во Сингапур

Трката во Формула 1 во Холандија беше прекината поради силен дожд

ВИДЕО: Норис му го скрши трофејот од 40.000 евра на Макс Верстапен

Предраг Петровиќ

Алонсо ќе носи кацига посветена на првиот Ф1 болид на Астон Мартин