АВМУ: Радијата можат да пријават емитување домашна музика до 8 февруари

Од:

Радијата можат да пријават емитување домашна музика во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) до петок (8 февруари).

Советот на АВМУ на вчерашната седница донел насоки со кои се утврдуваат роковите за пријавување, жанрот и времето за емитување музика.

– За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно а музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, радијата ќе добијат намалување на надоместот за дозвола. Минималното намалување на надоместот по тој основ може да биде 10 проценти, а максималното 30 проценти, соопшти денеска АВМУ.

Радио програмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30 проценти музика на македонски јазик и на јазицире на етничките заедници, но намалувањето на надоместот за дозвола ќе биде 30 проценти.

Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот по електронски пат на [email protected] или во архивата на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Насоките за доброволно пријавување на радијата за емитување домашна музика се достапни на веб страниата www.avmu.mk.

Би можело да ве интересира

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

ММА и МРТ со сериозни сомнежи за Arena M каналите: Дали АВМУ го заобиколува законот?

А1он

(ВИДЕО) Лавров исфрли новинар од салата: „Ако не го предадете телефонот, ќе го извадат оружјето“

СДСМ: Денес го одбележуваме Светскиот ден на слободата на медиумите, но во Македонија овој ден не го славиме туку го преживуваме

Светски ден на слободата на медиумите: Слободните медиуми се столб на демократијата

ВИДЕО: Слободата на медумите во Македонија е во пад, состојбата сега е „проблематична“