ГДУ до Заев: Врзете си ги кучињата, винарии кои не плаќаат за грозје се идеални за популизам

Од:

„Ние од Граѓанско демократската унија- ГДУ сме свесни дека винариите кои не платиле ниту грозје ниту струја би биле идеална таргет група за левиот популизам. Навистина не можеме  да сфатиме дали живееме во демократија и пазарна економија или во таков лош комунизам кој го нема никаде во светот“, се вели во соопштението на Граѓанско демократската унија – ГДУ.

„Граѓаните не плаќаат даноци за Вие господо од владејачката гарнитура да плаќате долгови за струја од пред 12-13 години, кои во една нормална правна држава би биле одамна застарени. Ние, господа социjал-популисти, не плаќаме даноци за со нашите пари да им ги плаќате долговите на тајкуните во оваа земја, кои се сопственици на винариите. Работата на државата не е да плаќа туѓи долгови, сопствениците на винариите се доволно богати можат да си ги платат сами. Ако не се во можност нека продадат дел од својот луксузен возен парк и да си платат на лозарите.

Најавата што пристигна од Кавадарци, а имено дека Владата ќе исплаќа долгови на приватни винарии кон лозарите, е уште една потврда дека владејачката коалиција на чело со СДСМ нема намера да го напушти левиот популизам во стилот на своето владеење. Стара практика на партиите од статус квото е да бидат дарежливи кон потенцијалните избирачи токму пред избори. Во времето на „дивиот“ груевизам се делеа субвенции на земјоделците, се праќаа пензионери на бесплатни бањи и скијања, се делеа ваучери за компјутери, се откупуваа дворни места за евро квадрат и сл.

Денес тимот на Заев може да се нарече достоен наследник на овие економски неисплатливи и популистички политики. Денес за да се добијат евтини политички поени пред избори, се простуваат и се исплаќаат долгови.

Владата со 1,5 милиони евра буџетски пари ќе подмирува долгови на приватни, повторуваме ПРИВАТНИ компании. Владата ќе ја искористи маката на лозарите, кои со години не можат да ги добијат парите за продаденото грозје, за да му даде предност на својот кандидат за претседател на Република Македонија.

Се ближат изборите за претседател. Секој денар земен од џебот на граѓаните и потрошен за популизам е добредојден. Ние од ГДУ сме против таквиот начин на менаџирање со проблемите. Би го посоветувале премиерот Заев, прво да ги најде парите од „дупката“ во пензискиот фонд, а после да ја игра улогата на латиноамерикански револуционер од типот на покојниот Уго Чавес и неговиот наследник Николас Мадуро.

Г-не премиер врзете си ги „кучињата“ и почнете да се однесувате како добар менаџер, сепак доаѓате од приватниот сектор и знаете како изгледа реалниот пазар“, се додава во соопштението од Граѓанско демократската унија – ГДУ.

Би можело да ве интересира

АД ЕСМ: Набавуваме електрична енергија поради нискиот хидропотенцијал

Куба повторно остана без струја

Горан Наумовски

Мицкоски: Не очекувам да има турбуленции и позначителни потреси на пазарот со електрична енергија во земјава

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Николовски: Зголемена откупна цена и поголеми приходи на лозарите преку новиот Закон за виното донесен од СДСМ

РЕС нуди до 40 отсто пониски цени на струја од моменталните на пазарот

Горан Наумовски