А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Кристијан Ландов
Македонија

Царовска: Капацитетот на градинките годинава се проширува за 860 деца, градиме 11 нови објекти

by Кристијан Ландов04/02/2019 - 13:35264
Share0

Вкупно 11 нови градинки ќе се градат годинава во различни делови од Македонија со поддршка од Министерството за труд и социјална политика. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, денеска ги потпиша договорте со градоначалниците на општините кои партнерски ќе учествуваат во изградбата на објектите.

Добивај вести на вибер

На списокот за изградба на нови градинки се општините Ѓорче Петров, Куманово, Кавадарци, Брвеница, Босилово, Врапчиште, Шуто Оризари, Демир Капија, Штип, и Гази Баба (две градинки). Со изградбата на градинките капацитетот се проширува за вкупно 860 деца, а ќе се отворат и најмалку 100 нови вработувања.

За оваа намена од буџетот на МТСП се обезбедени 85,3 милиони денари без ДДВ. Министерката Царовска ги повика општините да конкурираат со квалитетни проекти за изградба на нови градинки, затоа што освен во Буџетот на министерството за истата намена на располагање се и уште 15 милиони евра од Светска банка.

-Капиталните инвестиции во детската заштита се и остануваат приоритет на Владата. Раниот детски развој е многу важен за понатамошниот развој на човекот, затоа посветено работиме на јакнење на капацитетите и стручноста на детските градинки низ цела држава и во руралните и во најодалечените места низ Македонија. Годинава буџетот на МТСП за капитални инвестиции во детската заштита е зголеме за 300 отсто, а дополнително на располагање имаме пари и од Светска банка, изјави министерката Царовска на средбата со градоначалниците.

Од МТСП потенцираат дека изминатата година го зголемиле опфатот на децата во предучилишно образование за 1.959 деца. Од нив 1.209 се државните градинки, додека останатите 750 во приватните објекти, како и дека учествувале во изградбата на вкупно 24 градинки, од кои поголемиот дел се веќе ставени во функција.

carovskagradinkikapacitet

Би можело да ве интересира

Се градат 11 градинки со капацитет за 1.100 дечиња, вели премиерот Мицкоски

Горан Наумовски19/06/2025 - 12:52

СДСМ: Нула нови градинки за 4 години во Аеродром, околу 700 деца чекаат за запишување секоја година

Предраг Петровиќ07/06/2025 - 14:51

Левица: Министерот Лимани ги остави градинките во Струга без кадар

Горан Наумовски06/09/2024 - 10:1206/09/2024 - 10:15

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

A1on12/03/2024 - 12:5612/03/2024 - 12:57

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски06/03/2024 - 14:2806/03/2024 - 14:48

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

A1on06/03/2024 - 12:1706/03/2024 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен