Бунтовниците од ФАРК убија седуммина колумбиски војници

Од:

Во напад на бунтовниците од Вооружените револуционерни сили на Колумбија (ФАРК) убиени се седуммина војници, а петмина други се повредени, соопшти колумбиската војска.

Ова е најтешкиот удар врз владините сили откако кон крајот на минатата година почнаа мировните преговори, потсетија светските агенции.

Инцидентот се случил вчера, во време кога претставниците на Владата и на ФАРК во Хавана водеа мировни преговори за завршување на повеќедецениското вооружено востание, во кое се убиени десетици илјади лица.

Во вчерашниот инцидент во јужната провинција Какета погинаа и уште неутврден број бунтовници, соопшти војската.

Најголемата и најстарата вооружена група во Латинска Америка-ФАРК тврди дека во име на сиромашните се бори против богатите и моќните слоеви на Колумбија.

Марксистичките герилци, кои на 20 јанаури еднострано го прекршија прекинот на огнот, ги засилија нападите врз цивилни и воени цели, земаат заложници и уништуваат енергетска структура за да ја присилат владата да прекине со непријателствата.

Колумбискиот претседател Хуан Мануела Сантос соопшти дека воената офанзива ќе престане само кога ќе се постигне мировниот договор.

Би можело да ве интересира

Колумбија ги забрани борбите со бикови

Претседателот Петро сака да го промени Уставот, илјадници Колумбијци на протести

Платил 175 илјади долари за да порасне 10 сантиметри: Може да дојде до тоа да не можам да се справам со болката

А1он

ВИДЕО: Гром уби млада мајка на плажа во Колумбија, снимен моментот на ударот

ВИДЕО: Спасени родителите на Дијаз, киднаперите убиени

Киднапирани родителите на ѕвезда на Ливерпул во Колумбија

Катерина Ѓуровски