Јужнокорејската армија денеска почна големи воени вежби, соопштија локалните медиуми.
Маневрите, во кои учествуваат копнените војски, военовоздушните и военопоморските сили, се изведуваат во врска со стравувањата дека по третата нуклеарна проба Северна Кореја може да направи нови провокации.
Авијацијата учествува во вежбите со најновиот ловец „Ф-15 К“. Военопоморските сили ги мобилизираа борбените бродови и палубна авијација за тренирање на дејствија во случај на можни севернокорејски провокации во Јапонско и во Жолто море.
Сценариото на вежбите предвидува, исто така, артилериски гаѓања од копнените војски во провинцијата Канвондо, до границата со Северот.