Независната пратеничка група на ВМРО–ДПМНЕ апелира Судот да го испочитува Законот за амнестија

Од:

Во врска со настаните од 27-ми aприл, за кои во моментов се води судски процес, а кој беше дел од процесот за помирување преточен во Закон за aмнестија, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, преку соопштение реагираа посочувајќи дека Јавното Обвинителство во текот на завршното обраќање не ги испочитувало одредбите од член 1 од Законот за амнестија.

Во соопштението на осумте независни пратеници се додава дека во Законот за амнестија многу прецизно е дефинирано за какви дела треба да продолжи судскиот процес.

„Од таа причина сакаме да истакнеме дека почитувањето и спроведувањето на законот е императив за владеење на правото. Затоа апелираме до Судот доследно да ги испочитува одредбите од Законот за Амнестија, со оглед на доказите кои беа изведени во текот на судскиот процес“, се вели во соопштението.

Според членот 1 од Законот за амнестија се порпишува осомничените , обвинетите и осудените за настаните од 27 април во Собранието да се ослободат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор лицата осомничени и обвинети во судските постапки кои се водат пред судовите на територија на Македонија, а во врска со настаните во Собранието од 27 април 2017 година за кои постои основано сомнение дека до денот на влегувањето во сила на овој закон, сториле кривични дела согласно член 384 – Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, согласно член 386 – Насилство, согласно член 385 – Учество во толпа што ќе изврши кривично дело и кривично дело согласно член 313 – Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од Кривичниот законик и други кривични и прекршочни дела согласно со позитивно-правните прописи во Македонија.

Понатаму со овој закон се предвидува и осомничените, обвинетите и осудените за настаните од 27 април во Собранието да се ослободат од кривично гонење, се запираат поведените кривични постапки и целосно се ослободуваат од издржување на казната затвор за лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик и/или други закони, кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија, а во врска со настаните во Собранието на Република Македонија од 27 април 2017 година.

Би можело да ве интересира

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета