Годишниот извештај за работата на новоформираната Оперативно-техничка агенција за 2018 година, објавен на веб-страницата на Собранието, покажа дека лани имало вкупно 153 случаи на следење на комуникации согласно законски одредби.
За потребите на специјалното јавно обвинителство се изведени вкупно 8 прислушувања, а дополнителни 5 се следења за потребите на полицискиот оддел за борба со организиран и сериозен криминал.
За преостанатите 140 наредби од судот за следење, нема податоци во годишниот извештај на агенцијата.
ОТА почна да функционира од први ноември. Агенцијата ги спроведува судските наредби за прислушување, а содржината ја доставува до органот кој барал следење.
Васко Маглешов