(ВИДЕО) Мицкоски: Дравава се дави во криминал, корупција и невладеење на правото

Од:

Македонија на дното во борбата против корупцијата, власта штити и произведува криминал, изјави во видео обраќање лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Видео обраќање 30.01.2019

Македонија на дното во борбата против корупцијата, власта штити и произведува криминал

Posted by Hristijan Mickoski on Среда, 30 јануари 2019

Македонија, вели Мицкоски, е во друштво на хибридни режими и слаби системи, на држави со изразени проблеми на непостоење на правна држава и отсуство на владеење на правото.

„Македонија на скалата на корумпирани држави на листата на Транспаренси Интернешнл е на далечното 93-то место. Државата е зад сите земји членки на Европската Унија, на дното сме во Европа. Ова подразбира констатација дека државава се дави во криминал, корупција, и невладеење на правото. Нема резултати. Веднаш до нас, друштво според индексот на корупција ни прават земји како Гамбија, Косово, Монголија и Панама. Дури и помалку развиени далеку помалку развиени земји од Македонија се помалку корумпиран, а тоа го покажува и фактот што пред Македонија се Свазиленд на 89-тото место, Бенин на 85-тото место, Лесото на истото место, Буркина Фасо 78 место, Намибија 52-ра, Руанда на 48-то место“, изјави Мицкоски во обраќањето.

Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, потребни се коренити реформи и воспоставување на владеење на правото и правна држава, реформирано и независно судство. Граѓаните да се чувствуваат заштитено, вели Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Мицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдата

Мицкоски: Нема да има енергетски шокови оваа зима

(ВИДЕО) Кузеска: „Нула денари“ или 5,5 милиони евра, СДСМ бара целосна сметка од Мицкоски

СДСМ удри по Мицкоски: „Каде завршија 5 милиони евра“

Горан Наумовски