Врховен контра СЈО: Ги спасува Али Ахмети, Бујар Османи и сите од „Империја“

Од:

Врховниот суд одржа oпшта седница зад затворени врати на која, донесе начелно правно мислење дека специјалното јавно обвинителство може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на бомбите и дека СЈО не е овластен тужител за преземање истраги и предистражни постапки. Иницијатавите се поднесени врз основа на член 6 од Законот за изменување и дополнување на Законот за судовите.

Во соопштението на Врховниот суд пишува: „Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка во период не подолг од 18 месеци од денот на преземањето на предметите и материјалите од негова надлежност, како кумулативен услов, кој не може да биде пречекорен сметано од денот на прием на материјалите од неовластено следење на комуникации од член 2 од Законот за Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, и по истекот на тој рок од 18 месеци, не е овластен тужител за преземање на јавнообвинителски работи на предистражни и истражни дејствија, предвидени со Законот за кривичната постапка.

Тоа значи дека висат сите истраги на СЈО отворени по рокот од 18 месеци, како и обвинението за „Талир“. Иницијативите ги поднесоа адвокатите на обвинетите во предметите на СЈО, Боро Тасевски и Еленко Миланов.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Врховен ја одложи седницата за „Монструм“ за 14 јуни

Врховниот суд утврди начелен став за директна примена на Уставот и Европската конвенција за заштита на човековите права

Ана Ололовска

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Ана Ололовска

Претседателката на Врховен нема намера поради снаата да се повлече од Управниот одбор на Академијата за судии и обвинители

Кристијан Ландов