Османи: Извинување или тужби за лажните вести за ПИОМ

Од:

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во, како што рече „лажна вест“ за злопутреба на парите на осигурениците во вториот пензиски фонд, доколку не се извинат во наредните 24 часа, партијата ќе покрене правна постапка за да ја докаже вистината.

– Апсолутно не станува збор за никаква злоупотреба на ниту еден денар. Затоа беше побарано од министерката Царовска и од Фондот денеска да излезат и да им дообјаснат на граѓаните. Тоа е апсолутно „фејк њуз“. Поради штетата што е направена на ДУИ најавувам дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, дека ако не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка за да ја докажеме вистината, рече Османи на денешната прес-конференција во Владата.

Тој додаде дека вчера министерката Мила Царовска имаше несреќна изјава, која отвори можност за спектакуларни шпекулации во однос на тоа што се случило во Фондот на ПИОМ за наводна можна злоупотреба.

-Откако вчера верификувавме и со Министерството за труд и социјална политика и со Фондот дека не станува збор за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите и од Фондот, туку дека поради административни пречки и дел поради недовеолен буџет заради тогашната одлука на владата да се намалат придонесите, средствата не биле префрлени во Вториот пензиски столб, истакна Османи.

Вицепремиерката Радмила Шекеринска, пак, за овој случај вели дека злоупотреба е направена, но тоа, како што додаде, не значи дека парите завршиле во приватни џебови на функционери.

-Таа злоупотреба мора да се истражи бидејќи тоа беше модел на тогашната влада, практично да зема пари од луѓето кои дел од средствата ги вложуват во вториот пензиски фонд, меѓутоа заради дупките што ги создаваат во државниот пензиски фонд, практично ги прикриваа и ги пополнуваа со пари што требаше да одат во приватните фондови, рече Шекеринска.

Таа додаде дека оваа Влада треба да враќа стари долгови и да пополнува стари дупки.

-Она што го кажа вчера министерката Царовска е клучната порака – дека ниту еден граѓанин во Македонија кој финансирал во вториот пензиски столб не треба да се грижи оти некој ги искористил парите за друго нешто, туку дека тие пари оваа Влада и овој ПИОМ ќе ги уплати на приватните фондови за граѓаните да не ја плаќаат цената. Тоа е потврда на владините политики дека парите треба да одат кај граѓаните, рече Шекеринска.

Би можело да ве интересира

Адеми: Извештајот на ЕК укажува на застој во реформите и слаб институционален капацитет

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ го усвои Годишниот план за работа на Фондот за 2026 година

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна – власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Предраг Петровиќ

ДУИ на 20 декември во Скопје ќе одржи партиски конгрес

А1он