Османи: Современите предизвици се заеднички и само со заеднички напори можеме да создадеме безбедна и стабилна Европа

Од:

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи кој е во работна посета на Република Романија оствари средба Министерот за надворешни работи Теодор Малешкану, како и со Министерката за Европски фондови, Рована Плумб. Во рамките на посетата на Романскиот Парламент, Османи оствари средби и со Претседателката на Комисијата за Европски прашања, Габриела Крету, како и со Потпретседателот на Домот на Претставниците (Долниот дом), Флорин Лордаке.

На средбите беа отворени темите за предизвиците и перспективите од романското преземање на претседателството со Европската Унија, како и темите поврзани со билатералната соработка, меѓу Владите и Парламентите на двете земји.

„Националните Парламенти играат многу важна улога во хармонизацијата на законодавствата и нивното усогласување со европското законодавство ‘АКИ’, и во оваа насока очекувам за засилена активности во претстојниот период, особено во насока на меѓусебна соработка меѓу двата законодавни дома како и искористување на романското искуство во овој процес“ истакна Османи. Во рамките на средбите Османи ја отвори темата и за распоредот и дистрибуцијата на ИПА средствата, како еден од најважните елементи не само за поддршка на европските интеграции, туку и воопшто за европеизацијата на земјата.

На средбите беа отворени и темите за предизвиците со кои се соочува Европската Унија, како што се претстојните локални избори, имплементацијата и евентуалните последици од Брегзит, миграцијата, се пожестокиот фундамнтализам, лажните вести итн., при што беше констатирано дека овие предизвици се заеднички за целиот континент и само со заеднички усигласени активности може да се направи соодветна одбрана од исите, која ќе обезбеди побезбедна и постабилна Европа.

Во рамките на посетата, Османи оствари и средба со Премиерката на Република Романија, Виорика Данчила, како и со Министерот делегиран за европски прашања на Романија, Џеорџе Чиамба.

Би можело да ве интересира

Романија е само почеток, новата одлука на Трамп го загрижува НАТО

Унгарија формира „сојуз на скептици“ кон Украина

ЕУ ја повикува Кина да помогне во завршувањето на војната во Украина

Горан Наумовски

Лидерите на ЕУ се согласија да одговорат на итните финансиски потреби на Украина во следните две години

Лавров: ЕУ и НАТО се обединија против Русија

Лопатка: Мора да го видиме напредокот во Црна Гора и во Албанија, а гледам и добри шанси за Македонија