Италијанскиот министер за внатрешни работи и вицепремиер, Матео Салдини, е многу задоволен од официјализирањето на договорот помеѓу Јувентус и Челзи за Гонзало Игуаин. Салвини не престанува да коментира за теми поврзани со тимот на Милан, кој е омилен на политичарот.
Лидерот на десничарската партија „Лига“ се вмеша во скандал во крајот на 2018-та година, кога го критикуваше јавно Џенаро Гатузо, а тренерот на Милан го советуваше „да си ја гледа политиката“.
– Среќен сум, дека Игуаин си замина од Милан. Добро е што си замина. Многу ми се допаѓа Пјатек, а има и европски пасош! Ова е многу добро. Да се почитува дресот на Милан е фундаментално. Тој си замина и ние победивме, па може да оди каде сака. Не ми се допаѓаат платениците во политиката или фудбалот, изјави Салвини за новинарите.