Сметководителите најавуваат протест, Заев подготвен да ги прими на разговор

Од:

Институционално дозволено нелегално работење, нефункционален закон што дозволува нелојална конкуренција од редовите на државната администрација и пензионерите вработени во десетина фирми, нефункционален институт и куп наметнати обврски без никакви права, се само дел од проблемите што сметководителите денеска му ги предочија на премиерот Зоран Заев.

На трибината во Велес, Александра Андреева, сопственик на сметководствено биро, рече дека нејзината фела со години укажува на овие горливи прашања, но ниту една влада досега немала слух за нив. Укажа и дека повеќе од пет месеци чекаат на новиот закон кој долго се најавувал.

Андреева најави протест пред Владата во вторник и изрази уверување дека премиерот Заев ќе ги прими претставниците од сметководствената дејност на разговор за заеднички да продискутираат и да изнајдат решенија.

-Зборуваме за економија и за развој на стопанството, но за жал, како најважна спрега меѓу државата и стопанството сме заборавени. Во овој критичен период кога ги изготвуваме годишните сметки, се соочуваме со многу проблеми за кои сигнализираме со години наназад. Зборуваме за дигитализација, за подобрување на системите на УЈП, но јас сум жив сведок дека ние секое тримесечје не работиме по осум часа, туку по цели деноноќија. Се молиме во три по полноќ да профункионира системот за е-даноци за да можеме да ги пуштиме даночните пријави. Ако државните институции не не почитуваат нас и нашето работно и слободно време со оглед дека УЈП го прологнира рокот два дена, а тоа се сабота и недела, денеска и утре, тогаш како ќе не почитуваат стопанствениците? Излез гледваме во новиот закон, но пет месеци ништо и наместо ние да го скроиме, тоа го прават консалтинг куќите, истакна Андреева.

На трибината „Силна економија- шанса за сите“ се јавија и пазарџиите. Побараа од вицепремиерот Кочо Анѓушев итно да ургира во Министерството за економија зашто проблемот, како што оценија, мора да се реши веднаш.

-Законот е неповолен за сите, а вкупно 25.000 семејства егзистираат само од зелените пазари. Од друга страна, Министерството како да нема волја да го реши проблемот. Затоа апелираме вицепремиерот Анѓушев да ургира за веднаш да почне решавањето на овој проблем, истакна Љупче Лазевски, потпретседател на Групацијата за пазари во Стопанската комора и раководител на пазарите во Велес.

Анѓушев се согласи дека сегашното решение за пазарџиите не е добро и дека, како што рече, им прави проблем на сите страни, но за тоа остави детално да одговори премиерот Заев.

-Постигнат е договор, законот за пазарите ќе се одложи и сите субјекти ќе кажат што мислат. Треба да ги слушнеме пазарџиите. Не може една комора да дава лиценци. Нека има конкурентност, а не монопол. Има уште две комори покрај постојната, ќе добијат и тие лиценци. Може некој без пари ќе ги дава лиценците, може некој со 20 отсто, зависи колку се трошоците. Сакаме да им помогнеме на пазарџиите, секој да вади леб, да има соодветни, минални цени за лиценците, добро да биде регулирано, напомена премиерот.

Во врска со сметководителите Заев соопшти дека во понеделник во 16 часот ќе има состанок со дел од коморите и Министерството за финансии во врска со новиот закон. Ако се надминат, рече, отворените прашања кои се однесуваат на влијанието на државата врз здруженијата на сметководителите, законот веднаш ќе се пушти во владина процедура.

Од друга страна, ги повика сметкодовителите во вторник кај него на разговор. Подготвен е, нагласи, да ги прими за да се изнајдат соодветни решенија.

-Сакаме да им дадеме шанса и на сметководителите кои работат за странски фирми. Ако дојдете во вторник, бујрум, ќе закажеме состанок. Законот се дебатира повеќе од четири – пет месеци, најголем дел од работите се испеглани, остана уште прашањето: дали државата се наметнува да влијае врз здруженијата на сметководители и коморите, а нашата намера не е таква, но не сакаме ниту приземни, скриени влијанија кои на долг рок ќе направат штета во вашето работење, објасни премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

A1on

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска