Жардим и официјално се врати на чело на Монако

Од:

Португалскиот тренер Леонардо Жардим (44) се врати на чело на Монако. Тој го замени на позицијата Тиери Анри, кој беше ослободен од обврските.

Интересно е дека Жардим беше отпуштен од „Луј II“ во октомври поради слабиот старт на сезоната, но под раководство на неговиот заменик екипата постигна уште полоши резултати и падна на претпоследното место во Лига 1.

Анри беше отстранет од работа вчера, а во претстојниот меч со Дижон во шампионатот утре, тимот ќе биде предводен од привремениот тренер Франк Паси.

Жардим пак ќе направи повторно деби на кормилото на тимот од Кнежеството на 29 јануари во натпреварот од Лига Купот против Гинган.

Под негово водство, Монако стана шампион на Франција во 2017 година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Навивач упадна на терен и направи хаос

Ана Ололовска

ВИДЕО: Навивачите ги изненадија Французите, им приредија добредојде и покрај поразот во финалето

А1он

ВИДЕО: Нереди во Франција и во Белгија, загина момче, стотина приведени

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Шоу на Мбапе и Жиру против Полска, Французите ја продолжуваат одбраната на титулата

Катерина Ѓуровски

Монако го купува Минамино

А1он

Во Франција тврдат дека Зидан на лето ќе застане на чело на ПСЖ

Ана Ололовска