Плевнелиев: Заев и Ципрас ќе бидат номинирани за Нобелова награда

Од:

Поранешниот бугарски претседател Росен Плевнелиев вели дека храброста на македонскиот и грчкиот премиер Зоран Заев и Алексис Ципрас за решавање на 27-годишниот спор е значајна не само за двете земји, туку и за целиот регион, поради што ќе бидат кандидирани за Нобелова награда.

-Договорот од Преспа за промена на името на Македонија има историска важност не само за двете земји, туку и за целиот регион на Западен Балкан. Храброста на грчкиот премиер Алексис Ципрас и неговиот македонски колега Зоран Заев е достојна за восхит. Групата „Пријатели на Македонија“, заедно со европратеници ќе предложи кандидатура на премиерите за Нобелова награда, вели поранешниот претседател на Бугарија и член на консултативниот совет на Националниот стратешки институт на Кина при Универзитетот Синхуа.

Тој, на обраќањето на панелот „Светот е бизнис“ на светскиот економски форум во Давос, кое го пренесува BloombergTV Bugarija, потенцира дека кога две држави кои имале сериозни несогласувања во минатиото си подадат рака и секоја една од нив отстапи за да има полза, добива целиот Балкан и додава дека патот кон просперитет во регионот минува преку такви дејства.

Би можело да ве интересира

ЕК покрена три нови постапки против Бугарија поради кршење на прописите на ЕУ

А1он

Со заедничка резолуција во Европскиот парламент ќе покажеме дека сме добри соседи со Бугарија, вели Мицкоски

Муцунски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија до Европскиот парламент е стигнат и сега Софија е на потег

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче останува со потрчковците на Заев

(ВИДЕО) Во Бугарија запленети 206 килограми кокаин во вредност од околу 18 милиони евра

А1он

Ќе се гради прекуграничниот тунел помеѓу Ѓуешево и Деве Баир на пругата од Коридорот 8

Горан Наумовски