Мета: Усвојувањето на Преспанскиот договор историско достигнување

Од:

Албанскиот претседател, Илир Мета, го поздрави усвојувањето на Преспанскииот договор од страна на грчкиот Парламент, нарекувајќи го „исторско достигнување.

-Усвојувањето на Преспанскиот договор од страна на грчкиот Парламент е одлична вест за билатералните односи со Северна Македонија и европската и евроатлантската перспектива на нашиот регион! Честитки за ова историско достигнување!-напиша Мета на Фејсбук.

Ратификацијата на договорот во грчкиот Парламент го поздрави и поранешниот албански министер за Европа и надворешни работи, Дитмир Бушати.

Според него со дадениот глас надминато е 27-годишното недоразборање околу името на Македонија и го отора патот за членство во ЕУ и НАТО.

-Ова е еден историски момент за Балканот, напиша Бушати на Твитер.

Тој упатува честитка за потписниците на,како што го нарекува, исторскиот договор,Зоран Заев,Алексис Ципрас,Никола Димитров и Никос Котѕиас.

Би можело да ве интересира

Во Албанија е прогласена вонредна состојба поради пожари, туристите се евакуирани

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија

Досадно реми во Тирана: Албанија-Србија без голови