По повеќе од десет години М-НАВ ќе школува нова класа контролори на летање

Од:

По повеќе од десет години М-НАВ ќе школува нова класа контролори на летање. Македонската навигација потпиша договор со Глобал АТС Данска, компанија што ќе ги обучува првите пет кандидати за обласни контролрори на летање.

Од М-НАВ за МИА соопштија дека обуката на овие кандидати ќе се спроведе во Копенхаген, од 19 февруари до средината на јули годинава, во Центарот за обука „Глобал АТС Данска“ што е сертифициран од страна на Данската агенција за цивилно воздухопловство во согласност со ЕУ регуларивата 2015/340.

Се очекува кандидатите во текот на 2020 година да се стекнат со дозволи за контролори на летање и да може самостојно да работат. Договорот го потпишаа претседателот на управниот одбор на М-НАВ и извршен директор на Секторот за воздухопловна навигација, Николче Тасески, и основачот и косопственикот на Глобал АТС Данска, Дирк Јанс.

-Воздушниот сообраќај во Република Македонија последниве две години бележи двоцифрен раст, а и актуелните статистики и предвидувања укажуваат дека сообраќајот ќе продолжи да расте. Токму заради тоа, за да одговори на предизвиците кои ги носи растот на сообраќајот, давателот на услуги во воздушниот сообраќај, М-НАВ, по повеќе од десет години спроведува процес на селекција и обука на нови контролори на летање, појаснуваат од М-НАВ.

Од македонската навигација информираат дека во текот на оваа година М-НАВ планира да ја упати на обука и втората група кандидати за контролори на летање во сертифициран центар за обука, што повторно ќе биде избран преку процес на јавна набавка.

Би можело да ве интересира

Избран нов Управен одбор во М-НАВ

Комитетот за авионски несреќи во М-НАВ ќе истражува за можниот судир на два авиони над Скопје

М-НАВ: Отворена е истрага за безбедносниот настан на небото над Скопје на 7 септември

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Трагедија во Франција: Двајца војници загинаа во судир на два авиони