Коке се повреди, Атлетико остана со 10 играчи

Од:

Атлетико Мадрид остана само со 10 играчи откако беше потврдена повредата на Коке. Тој ќе биде отсутен на неопределено време.

Халфот доби повреда во натпреварот против Уеска, а во штабот на Атлетико се надеваат дека играчот ќе биде подготвен за дербито против Реал Мадрид, кое е на 9 февруари.

Направените истражувања покажале дека шпанскиот репрезентативец има повреда во бутниот мускул. Коке во саботата мораше да го напушти теренот во 72 минута.

Шпанецот сигурно ќе ги пропушти претстојните натпревари со Хетафе во сабота и Бетис на трети февруари, но се очекува да биде на линија за големиот натпревар со Реал.

Од почетокот на сезоната, играчите на Атлетико Мадрид беа погодени од дури 30 повреди, пишуваат во Шпанија.

Тренерот Диего Симеоне пак, може да смета на само 10 играчи од првиот тим.

Повредени се Савиќ, Филипе Луис, Саул, Витоло и Диего Кошта, а Анхел Кореа е казнет. Под знак прашалник се Калиниќ и Желсон Мартинс.

За натпреварот против Хетафе, Симеоне може да смета, ако не го вбројуваме голманот Јан Облак, на: Аријас, Хименез, Годин, Лукас Ернандез; Томас Teje Пaртеј, Родри, Лемар, Хуанфран; Гризман и Борха Гарсес.

Би можело да ве интересира

Навивач на Атлетико Мадрид му се заканувал на девојче бидејќи носело дрес од Реал Мадрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Фернандо Торес покажа како ги направи неверојатните мускули

На Диего Симеоне не му пречи што Регуилон играл за Реал

Атлетико прави рокада на позицијата лев бек

Навивачите ги навредуваа фудбалерите на Атлетико, Ермосо втрча на трибините да се пресмета со нив

Горан Наумовски