Заев: Десетина имиња се разгледуваат како можни претседателски кандидати

Од:

Десетина имиња се разгледуваат во редовите на СДСМ како можни кандидати за иден претседател, меѓу нив има Македонци, Албанци, Турци, Срби, се со цел да се пронајде личност која ќе биде најприфатливо и максимално консензуално решение, колку што е можно тоа да се направи за да се опфатат сите, истакна премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата, на која беа презентирани плановите за изградба на патната инфрастуктура за 2019 и сработеното во 2018.

Во врска со тоа дали во СДСМ ќе оди сама на претседателските избори и дали се прават внатрепартиски анкети и анализи за избор меѓу министрите Радмила Шекеринска, Никола Димитров, Оливер Спасовски и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски, како што претходно денеска објавија дел од медиумите, Заев истакна дека се разгледуваат повеќе од десетина имиња, се оценува како размислуваат граѓаните, како тие би им парирале на кандидатите на противничката страна, се вршат и консултации со граѓанскиот сектор.

-Во секој случај ќе се обидам да разговарам со одредени позициони партии. Но најпрво ќе разговарам во мојата партија, па во коалицијата, потоа да го прошириме опфатот на сите, нагласи премиерот.

Истакна дека консезуалниот кандидат не треба да се гледа меѓу него и Али Ахмети и додаде дека тоа треба да биде кандидат на граѓаните, а такви луѓе во Македонија има. Додаде дека тоа треба да биде претседател на сите граѓани и да ги нема слабостите на актуелниот шеф на државата Ѓорге Иванов во однос на мултиетничкиот карактер на опшетството, европските и евроатлантските интеграции.

Заев истакна дека целта е да се избере кандидат во кој граѓаните ќе видат надеж за земјата и повтори дека тој не планира да учествува на претседателските избори.

Дебата за можноста за одржување претседателски заедно со предвремени парламентарни избори е отворена, в петок најверојатно ќе се одржи седница на Централниот одбор на СДСМ, кога може да биде донесена одлука, а постои можност таа да биде донесена и по неколку дена, рече денеска премиерот.

Тој нагласи дека е сигурно дека ќе почнат постапките за номинирање на кандидати за претседател на државата и кандидати за градоначалници на Ново Село, Охрид и Дебар, каде заедно со претседаталските ќе се одржат и избори на градоначалници.

– Ова што го најавуваме никако не може да биде запрено, без разлика дали ќе се оди заедно на претседателски со парламентарни избори или само на претседателски, затоа што тоа е составен дел од програмите и Буџетот на РМ. Законот е јасен, не можете да предвидувате и реализирате дополнителни активности доколку се распишани избори, но се што е предвидено во Буџетот, со донесените програми, не претстанува да се реализира и тоа е законот во РМ и тоа Изборниот законик го регулира, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како евентуалните избори би се одразиле на проектите што ги најавуваат и воопшто на бизнис секторот.

Нагласи дека демократска Македонија изминатите години се соочила со повеќе ситуации на застој поради предвремени избори поради процедурите од нивното одржување до изборот на Владата и нагласи дека ако гледа од партиски аспект избори се поволна алтернатива и за СДСМ и за коалицијата, како можност да ги зацврстат позициите.

–Дебатата е отворена и во коалицијата и во политичкиот субјект што го водам. На крајот на вам и на граѓаните можат да ви ветам чесна и одговорна одлука, порача Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

Филипче: Да градиме мостови на разбирање и соработка

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто