Снег со послаб интензитет на дел од патиштата

Од:

Врнежи од снег со послаб интензитет има во Скопје, Петровец, граничен премин Табановце, на Попова Шапка, Павлешенци и на планинскиот превој Ѓавато. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“.

– Поради ниските температури наместа е можна појава на голомразица. Се уште е во сила забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Дебар – Струга, информира Автомото сојузот на Македонија во извештајот за состојбата на патиштата во 18 часот.

Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата.

Би можело да ве интересира

УХМР најавува обилни локални врнежи и снег на повисоките места

Горан Наумовски

Зимски услови на патиштата: магла на патот Тетово–Скопје, снег на Попова Шапка и на Пресека

Отежнат сообраќај на Плетвар и кај Крушево поради магла и снег

Денеска променливо облачно со локален дожд, а на планините снег

Слаб снег на Попова Шапка, во Маврово и Крушево

А1он

Најмалку педесетина жртви низ САД во зимскaтa бурa што ја погодија земјата