ВИДЕО: Градоначалникот на Гдањск прободен со нож на бина за време на добротворна манифестација

Од:

Градоначалникот на Гдањск, Павел Адамович вечерва бил избоден со нож и е тешко повреден на градскиот плоштад за време на добротворна манифестација.

https://youtu.be/Jf_1oTMGTfE

Непознат маж вечерва упаднал на сцената на прославата на најголемата добротворна манифестација во Полска, и со нож го нападнал и тешко го повредил Адамович, кој е еден од најистакнитете опозициски политичари во Полска.

Обезбедувањето усеапло да го совлада мажот, а полицијата го уапсила, додека му се давала итна помош на Адамович.

Тој со убодни рани во стомакот е пренесен во болница.

Нападот следува во моменти кога низ Полска 120 илјади воонтери на улиците собираат помош за опрема за детски болници, акција која веќе 27 години ја организира рокерот Јежи Овсјак. Нападот веднаш го осудија и премиерот Матеуш Моравјецки и министерот за внатрешни работи Јоахим Бруѓињски.

– Нападот на Павел Адамович заслужува најостра осуда, тој ни е во мислите и молитвите, порача премиерот Моравјецки на Твитер.

– Сите се молиме за градоначалникот Адамович. Павел, со тебе сме, напиша на Твитер и поранешниот партиски шеф на Адамович, експремиерот на Полска, а сега претседател на Европскиот совет, Доналд Туск.

Би можело да ве интересира

Полска издвојува 375 милиони долари за зајакнување на оградата на границата со Белорусија

ВИДЕО: Изгоре огромен трговски центар со 1400 продавници во Вашрава

Полски министер за одбрана: Полјаците се огорчени кога гледаат млади Украинци во кафулињата

Горан Наумовски

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Полска: Претреси на неколку локации кои се дел од истрагата за наводна руска шпионажа

Горан Наумовски

Пијан провалил во козметички салон во Полска и заспал, го разбудила полицијата