Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини, рече дека сака да ги свои трофеите на континенталното и планетарното првенство.
Тој ја сподели својата визија за тоа како сака да изгледа националниот тим.
– Ние го следиме патот трасиран од Ариго Саки, кој го смени фудбалот во доцните 80-ти и раните 90-ти. Сакам да видам тим кој секогаш ја презема иницијативата и постојано игра напаѓачки. Ние работиме на ова. Но, ние треба почесто да ги реализираме укажаните шанси, изјави Манчини за „Ла Газета дело Спорт“. изјави Манчини.
Да се биде италијански тренер е нешто необично. Потребни се амбициозни цели. Сонувам за освојување на Европско и Светско првенство. И тоа по ред. Некои селекции успеаја. Не гледам причини зошто Италија не би можела да го повтори овој пат. Ова е историска фудбалска суперсила, потенцира Манчини.