Канческа-Милевска наместо да зборува за амандманот, се правдаше зошто гласала

Од:

Ексминистерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, наместо за амандманот од осумката на ВМРО-ДПМНЕ, кој беше одбиен, говорницата ја искористи за правдање зошто ги поддржале уставните измени.

Канческа-Милевска рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се служат со лажен патриотизам бирајќи го најлесниот пат.

„Уште еднаш на дело потврдија дека водат лажна политика и патриотизам. Уште еднаш потврдија дека некој друг сакаат ова да го заврши и преку нарачани текстови да ги наброат кои се предавниците. Морам да им порачам дека не се чувствуваме како предавници, ни претходно, ни сега. Предавници се оние кои не ги решаваат проблемите. Ќе беше добро тие да гласаа или да го поддржеа нашиот амандман за името да се употребува само за меѓународна употреба. Нешто што е важно во овој период на напади и навреди е дека успеавме тоа да го надминеме гордо преку човечност и почит“, рече Канческа-Милевска.

„Раководството на ВМРО-ДПМНЕ да сакаше да го блокира овој договор ќе го направеше тоа. Ако мислеше дека ќе направи подобар договор ќе го направеше тоа. Ако мислеше дека ќе се уназади се со овој процес, ќе беа гласно против. Но, тие знаат дека нема друго решение. За мене не е прифатливо да се заложува некој за ЕУ и НАТО, а да не вложи во истиот процес“ рече Канческа-Милевска.

„Заев ќе го води сенка дека велеше дека никогаш нема да го смени уставот, но и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прати сенка поради нивниот став да бидат неми набљудувачи и со лажен патриотизам да се служат и да не учествуваат во овој историски момент. Жалам што ВМРО-ДПМНЕ го избра најлесниот и најгрешниот пат кон ова историско прашање за нашата држава. Со нивното неучество ја потврдија лажната политика и лажниот патриотизам“, рече таа.

Амандманот на независните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата беше одбиен од премиерот Зоран Заев и од пратениците. За овој амандман имаше 70 гласови „Против“ и 9 „За“. Амандманот на независната пратенилка група од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата се однесуваше називот Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба.

Би можело да ве интересира

Обвинителството ја отфрли кривичната за Бети Канческа Милевска за отштета од близу 3 милиони евра

Ана Василевска

ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да дојдат до домот на Елизабета Канческа-Милевска

Наум Локоски

(ВИДЕО) Канческа-Милевска: Прифатени се нашите амандмани, сите пратеници да се вклучат во расправата

Наум Локоски

(ВИДЕО) Канческа-Милевска: Ќе имаме координација за законот за амнестија на ВМРО-ДПМНЕ

Наум Локоски

Канческа-Милевска со Заев, Димитров и Дескоска ќе разговара околу уставните амандмани

Наум Локоски

Координаторката Канческа-Милевска на средба со Џафери, пратеничката група ќе почне со работа од понеделник

Наум Локоски