Канческа-Милевска со Заев, Димитров и Дескоска ќе разговара околу уставните амандмани

Од:

Попладнево координаторката на новата пратеничка група, Елизабета Канческа – Милевска ќе оствари средба со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и министерката за правда, Рената Дескоска.

Средбата ќе се случува во Собранието, каде Канческа-Милевска со соговорниците ќе разговара за уставните амандмани.

Претходно, осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни промени, поднесоа официјално барање до собранискиот спикер Талат Џафери за формирањето на новата пратеничка група Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“. Џафери ги информирал сите пратеници за новата пратеничка група, која треба да почне со работа од наредниот понеделник, брифираат од Кабинетот на Џафери.

Утрово координација имале координаторите на пратеничките групи од СДСМ, ДУИ и Беса. Од Кабинетот на Џафери информираа дека и денеска пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не присуствувале на координацијата, а веројатно, во текот на денот претседателот ќе има посебна средба со координаторот Драган Данев.

Данев попладнево ќе одржи прес-конференција во врска со најавениот предлог-закон за амнестија за сите лица вклучени во случувањата во Собранието од 27 април минатата година.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители