Координаторката Канческа-Милевска на средба со Џафери, пратеничката група ќе почне со работа од понеделник

Од:

Осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата кои гласаа за отпочнување на процесот за уставни промени, во петокот, поднеле официјално барање до собранискиот спикер Талат Џафери за формирање на нова пратеничка група „Независни пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’“. Џафери ги информирал сите пратеници за новата пратеничка група, која со работа, треба да почне од наредниот понеделник, брифираат од кабинетот на Џафери.

„Денес пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не беа на координацијата. Веројатно, во текот на денот претседателот ќе има посебна средба со координаторот Драган Данев. Исто така, се очекува посебна средба да има и со координаторката Елизабета Канчевска-Милевска“, велат од кабинетот на Џафери.

Утрово координација имале координаторите на пратеничките групи од СДСМ, ДУИ и БЕСА. Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ веќе долг период не присуствува на овие координации, таков случај беше и средбата со Џафери за спроведување на референдумот. Како и во минатото, на коодринацијата не присуствувале пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ се уште го нема доставено со Собранието и најавениот предлог-закон за амнестија за сите лица вклучени во случувањата во Собранието од 27 април минатата година.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on