Зоран Заев единствен кандидат за претседател на СДСМ, над 80 илјади членови ќе гласаат на 21 март

Од:

СДСМ соопшти дека Зоран Заев е единствен кандидат за нов партиски претседател и дека над 80 000 членови со право на глас ќе може да гласаат на првите непосредни внатрепартиски избори на 21 март.

Централната изборна комисија вчера одржала седница на која биле потврдени и објавени кандидатурите за претседател на СДСМ, согласно со Правилникот за критириумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на СДСМ.

– Поради тоа што немаше други пријави, Централната изборна комисија донесе Одлука за прифаќање на пријавата за кандидатурата на Зоран Заев, ја утврди и ја објави единствената листа на кандидат за претседател на СДСМ, а тоа е Зоран Заев. Првите непосредни, внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март. Над 80 000 членови со право на глас ќе можат да гласаат за новиот претседател на СДСМ, се наведува во партиското соопштение.

Претходно беше отворен јавен повик за поднесување кандидатури за претседател на кој, наведува СДСМ, можеше да се пријави секој член кој ги исполнува условите согласно Правилникот.

– Со овој крупен исчекор кон демократизација и модернизирање на партијата, СДСМ поставува нови стандарди во политичкото дејствување во државата, што ќе придонесе и за демократизација на целото општество. Токму затоа СДСМ ја ужива довербата од граѓаните, токму затоа победува но и постојано се менува, за уште подобро да им служи на граѓаните и државата, информира СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: На 8 мај гласајте за напредок, стабилност и за европска иднина на државата

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на осми мај, се одлучува за иднината

Горан Наумовски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он