Окинава ја поништии дозволата за изградба на американска воена база

Од:

Гувернерот на јапонската префектура Окинава, Такеши Онага денеска изјави дека регионалните власти одлучиле да ја поништат дозволата за изградба на американска воена база во југозападниот дел на Окинава.

Се очекува јапонската Влада да преземе правни мерки за да ја оспори одлуката на гувернерот Онафа. Властите во Токио планираат да почнат изградба на американска воена ваза во градот Наго, северниот дел од Окинава. Новата база треба да биде замена за сегашната авиобаза на американската морска пешадија во Футенма, која се наоѓа во станбените реони на централниот дел на Окинава.

Претходниот гувернер на Окинава, Хидрокадзу Накаима во декември 2013 година издаде одобрение за градба.

Окинава е само 0,6 проценти од целата јапонска територија, но на островот се лоцирани 74 проценти од војската на САД во Јапонија.

Би можело да ве интересира

Блинкен: Се надеваме дека повеќе Американци ќе студираат во Кина

Студентски бунт во Америка, 100 академици уапсени во Колумбија

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Америка го ограничи движењето на својот дипломатски персонал во Израел

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност