kavadarci

Судско рочиште против кавадаречкиот градоначалник за поткуп

Судско рочиште против кавадаречкиот градоначалник за поткуп

Во Основен суд Кавадарци денеска се одржа рочиште во врска со судската постапка против кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, обвинет за поткуп при избори и гласање. Во изјава за медиумите, тој рече дека не го сторил делото што му е на товар и оти не се точни тврдењата на сведокот дека му дал илјада денари за […]

Пожар во стан во Кавадарци, повредени нема

Пожар во стан во Кавадарци, повредени нема

Во стан во новиот центар на Кавадарци изминатава ноќ околу полноќ избувнал пожар, во кој нема повредни лица. Командирот на Територијалната противпожарна единица од Кавадарци Илчо Богевски утрово информираше дека интервенирале со две противпожарни возила и тројца пожарникари. – Успеавме да не дозволиме пожарот да се прошири и на останатите станови од колективната станбена зграда, […]

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина во Кавадарци

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина во Кавадарци

Целовечерен концерт на „Камерен оркестар ЕЛК“ од Кина се одржа синоќа на градскиот плоштад во Кавадарци, во организација на „Охридско лето”, Домот на културата „Иван Мазов-Климе” и кавадаречкиот градоначалник Алекснадар Панов. Директорот на културниот дом Владимир Темков го изрази задоволството што, како што рече, кавадарчани имаа ексклузивна можност да бидат дел од еден несекојдневен настан. […]

Градоначалникот на Кавадарци го најави зонското паркирање

Градоначалникот на Кавадарци го најави зонското паркирање

Кавадарци наскоро ќе добие зонско паркирање, најави денеска кавадаречкиот градиначалник Александар Панов. Според него се чека само Секторот за внатрешни работи Велес да го разгледа проектот кој е доставен на верификација и да оцени дали улицата „Илинденска” е дозволена за паркирање или не. -Во првите десетина дена возачите нема да се казнуваат со цел да […]

Во општина Кавадарци легализирани околу половина од дивоградбите

Во општина Кавадарци легализирани околу половина од дивоградбите

Општина Кавадарци е некаде на половина со постапката за легализирање на дивоградбите, информираше денеска градоначалникот Александар Панов. Тој соопшти дека во првиот наврат во 2011 година имаше 7.500 барања, а во 2016 година уште меѓу 1.500 и 2.000. – Вкупната бројка на поднесени барања се движи нешто над 9.000. На Тиквешко Езеро има барања за […]

Новиот центар во Кавадарци ќе добие пазар

Новиот центар во Кавадарци ќе добие пазар

Новиот центар во Кавадарци ќе добие покриен пазар. Како што информираше кавадаречкиот градоначалник Александар Панов, во изминатиот период за таа цел, во три фази се уредуваше просторот, а во тек е третата и последна фаза од проектот. – Сега во тек е издавањето на градежната дозвола на веќе избран изведувач. Поради изаборите работите беа малку […]

Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци

Продолжува доуредувањето на кејот на реката Луда Мара во Кавадарци, а ќе се реконструира и таканаречениот мост кај „Слога“. Кавадаречкиот градоначалник Александар Панов кој денеска беше на лоакцијата каде што се изведуваат градежните работи, рече дека ова е значајно за сите жители на општината, а особено за оние од урбаните заедници “Ќиро Крстев”, „Браќа Џунови” […]

Кавадарци објави конкурс за наградата „7-ми Септември“

Кавадарци објави конкурс за наградата „7-ми Септември“

По повод денот на ослободувањето на градот Кавадарци, кавадаречката локална самоуправа објави конкурс за доделување на општинската награда „7-ми Септември“. Како што појаснуваат од Службата за информирање на јавноста при општината, наградата се доделува на физички и правни лица како знак за придонес за градот Кавадарци, за остварувања во стопанството, науката, публицистиката, уметноста, културата, воспитанието […]

Усвоена програмата за „Тиквешки Гроздобер 2017“

Усвоена програмата за „Тиквешки Гроздобер 2017“

Советот на општина Кавадарци денеска ја усвои Програмата за „Тиквешки Гроздобер 2017“, со мнозинство гласови. Организацијата на манифестацијата ќе се реализира на 7, 8, 9, и 10 септември со средства во износ од 5.970. 000 денари. Од општинскиот буџет ќе се издвојат четири милиони денари. Според најавата, на 7 септември Советот ќе одржи свечена седница […]

Екологисти од Кавадарци учеа да градат куќа од еколошки материјали

Екологисти од Кавадарци учеа да градат куќа од еколошки материјали

Екологисти од Кавадарци учеа да градат куќа од еколошки материјали во рамки на меѓународен проект во Србија, беше речено на денешното одбележување седум години од постоењето на еколошкото друштво „Еко-живот” од Кавадарци. Споделувајќи ги искуствата со останатите членови на регионалниот еколошки центар, член на Движењето на екологистите на Македонија Славица Саздовска зборуваше за значењето на […]

„Еко-живот“ од Кавадарци во меѓународен проект за заштита на животната средина

„Еко-живот“ од Кавадарци во меѓународен проект за заштита на животната средина

Регионалното еколошко друштво „Еко-живот“ од Кавадарци беше дел од меѓународен проект за заштита на животната средина. Претседателот на друштвото Роберто Паризов денеска појасни дека овој еколошки центар на проектот соработувал со програмата „Еразмус+“ од Романија. – Оваа еколошка организација и член на Друштвото на екологистите на Македонија, во рамките на проектот, со свои претставници учествуваше […]