„Француски филмски фестивал“ во Битола

Од:

Со изведба на комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, вечер во Битола ќе биде отворен дводневниот „Француски филмски фестивал“, организиран од НУ Центар за култура -Битола и француската Алијанса од овој град.

На двете фестивалски вечери ќе бидат емитувани четири француски филмови за кои постои голем интерес.

– На свеченото отворање, вечер од 20 часот ќе биде емитувана комедијата „Не е мој тип“ на Лука Белво, во која настапуваат познатите актери Емили Дикен, Лоик Корбери и Сандра Нкак, додека во ноќната програма ќе биде емитуван францускиот трилер „Случајот СК-1“ на режисерот Фредерик Телие во кој настапуваат Рафаел Персоназ и Натали Бај, информираа од националната установа.

Културната манифестација „Француски филмски фестивал“ завршува утревечер со проекција на филмовите „Убавка и Себастијен“ во режија на Никола Вание и „Семејството Белие“ во режија на Ерик Лартиго, која низ градовите во Македонија се реализира од 14 јуни, а ќе заврши на 19 ноември.

Би можело да ве интересира

Venom 3 доби официјално име и датум на излегување

Предраг Петровиќ

Се снима краткиот игран филм „И покрај сè“

Филмот „Dune: The Second Part“ заработи над 200 милиони долари за само три дена

Уапсен маж осомничен за неовластена дистрибуција на филмот „Недела“

Бен Афлек го откри најлошиот филм во кариерата

Скорсезе снима нов филм за Исус кој нема да трае три часа: Се обидувам да ја доближам религијата до луѓето