„Зошто принцот на Саудиска Арабија го уби новинарот Кашоги?“

Од:

Ако го ставеле во затвор, Мохамед бин Салман би се соочил со голем притисок од светската јавност да го ослободи и би направил маченик од Кашоги кој само би добил уште поголема моќ и влијателност. Но со неговото убиство Саудиска Арабија испрати порака до секој дисидент дека не постои сигурно место на кое може да се сокрие, пишува новинарот Кристофер Дикеј во колумната објавена на порталот „Дејли Бист“.

Во продолжение пренесуваме делови од колумната:

Кога се спремав да ја напишам оваа колумна за опсесијата на саудискиот режим со Муслиманското братство, првата личност на која ми текна беше Џамал Кашоги. Повеќе од 20 години комуницирав телефонски со него и во живо. Морам да кажам дека ми помогна подобро да ја разберам неговата земја, нејзините луѓе, политичките лидери и самиот простор на Блискиот Исток. Иако не се согласуваме секогаш, речиси секогаш ми даваше детален увид во главните актери на тамошната политичка сцена и настаните кои ја потресуваа земјата. Токму затоа тој беше вистинската личност за разговор за Саудијците и за Муслиманското братство затоа што ги познаваше двете страни и нивниот тензичен однос.

Но Џамал е убиен. Убиен е затоа што знаеше премногу.

Иако приказната постојано се менува, сè појасно станува дека 33-годишниот принц Мохамед бин Салман го наредил убиството на Кашоги за да го замолчи. Можеме да кажеме дека тој е одговорен за убиството во иста мера во која англискиот крал Хенри Втори е одговорен за убиството на Томас Бекет.

Сега е јасно дека за тоа ќе одговараат некои помали играчи. Некои од нив можеби ќе бидат ликвидирани, еден од нив веќе загина во сообраќајна несреќа. Но искуството ни говори дека и покрај политичките маневри вниманието на светската јавност ќе се насочи кон убиството на Џамал Кашоги.

Токму неговата смрт е клучот на разбирање на политичките сили кои Блискиот Исток од слободен простор од пред неколку години го претворија во простор на брутална репресија и непрекинато насилство. Неговата смрт ни помага да го сфатиме антагонизмот меѓу двете страни кои владеат на тие простори – Муслиманското братство и Династијата Сауд. Иако Кашоги не бил во средиштето на нивниот судир, неговата работа го принуди да биде учесник во него.

Поранешната амбасадорка на САД во Јемен, Барбара Бодине, смета дека храброста на Кашоги и неговото настојување за откривање на вистината која се криела зад легитимноста на саудските владетели не може да се игнорираат. Тој претставувал опасност за лидерите затоа што истовремено бил исклучително упатен во саудискиот режим, но и негов жесток противник.

Ако го ставеле во затвор, Мохамед бин Салман, би се соочил со голем притисок од светската јавност да го ослободи и би направил маченик од Кашоги кој само би добил уште поголема моќ и влијателност. Но со неговото убиство Саудиска Арабија испрати порака на секој дисидент дека не постои сигурно место на кое може да се сокрие.

Мислам дека планот секогаш бил да го снема, а ми се чини дека конечниот план бил да се убие. Ако е мртов, и покрај последиците за земјата, светот ќе продолжи понатаму. Џамал ќе стане фуснота, интересна тема за разговор, но не и крстоносец, заклучува Дикеј.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија

Политички скандал: Откажан мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај во Саудиска Арабија

Економијата на Саудиска Арабија поминува низ турбуленции поради намаленото производството на нафта

Предраг Петровиќ

Фудбалерите разочарани од Саудиска Арабија-зедоа стотици милиони, но немаат публика

Махрез заврши во болница

Познато колку пари потрошиле Саудијците за засилување на нивната лига

Предраг Петровиќ