Зошто Данците се најсреќни во светот?

Од:

Данците во повеќе наврати се рангирани како најсреќен народ во светот. Истражувачите се чини имаат дојдено до сензационално откритие во врска со тоа, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Истражувачки тим при универзитетот „Варвик“ во Англија тврдат дека изворот на добриот квалитет на секојдневното живеење кај Данците би можел да лежи во нешто толку неочекувано како што е ДНК.

Целата на студијата на која работеле истражувачи од споменатиот Универзитетски центар за конкурентски предности во глобалната економија, била да се утврди зошто земји како Данска и Холандија редовно ги надминуваат другите европски земји со слично висок БДП, кога станува збор за среќата.

Резултатите укажуваат дека животното задоволство можеби не зависи најмногу од животниот стандард, туку повеќе од генетиката.

– Резултатите се изненадувачки. Дојдовме до заклучок дека колку што е поголема генетската оддалеченост на некоја земја од Данска, дотолку пониско е нивото на задоволството од живеењето во таа нација, вели еден од авторите на студијата, Еугенио Прото.

Првиот дел од студијата ја мери генетската оддалеченост меѓу населенијата во разни земји, при што истражувачите анализирале меѓународни податоци од анкетирања во 131 земја.

Со други зборови, резултатот покажува дека населението на некоја земја е посреќно колку што е поблиску чисто генетски до Данска.

Сепак, истражувачите предупредуваат дека резултатите од оваа нивната студија треба да се толкуваат со извесна претпазливост, а со оглед на тоа дека ќе бидат неопходни натамошни сеопфатни истражувања за да може да се разбере врз што се темелат меѓународните нивоа на задоволството од животот во одделни нации и земји, пишува „Свенска дагбладет“

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Гори една од најпознатите згради во Копенхаген

ВИДЕО: Ја испраќаме целата артилерија што ја имаме во Украина, најави данската премиерка

Катерина Ѓуровски

Данска доби крал: Кралицата Маргарета Втора абдицираше и му го предаде тронот на својот син

Горан Наумовски

Европска потерница за богатата наследничка: Мајката призна дека децата киднапирани во Данска се кај неа

(ВИДЕО) Од ресторан во Данска киднапирани две деца: Мајката е богата наследничка, со таткото се во војна

Данска и нареди на Русија да го намали бројот на дипломати во амбасадата во Копенхаген