Високиот претставник на ОН за човекови права, Зеид Раад ал Хусеин изјави дека не ја исклучува можноста однесувањето на безбедносните сили кон Рохинџите во Мјанмар да биде оквалификувано како геноцид.
На специјална сесија на Советот за човекови права на ОН, Ал Хусеин истакна дека припадниците на оваа заедница продолжуваат да бегаат од северната држава Ракајн, каде во насилството против нив има елементи на геноцид како систематска дискриминација, тортура и лошо однесување, насилно иселување и систематско уривање на нивните села.
Претставникот на ОН истакна дека ниту еден од 626-те илјади Рохинџи кои избегале од насилството досега, не треба да се вратат во Мјанмар додека не биде воспоставен мониторинг на лице место.