Зградите во Хатај, кои сопственикот Мехмет Озкан ги рекламираше како Златен град, беа уништени во земјотресот во Турција, при што беа затрупани стотици луѓе.
Мехмет Озкан, сопственикот на „Özkan Kardeşler İnşaat“ е еден од бизнисмените за кои пишуваат турските медиуми кој изгради блокови-згради познати како Златен град Антакија во Хатај, една од областите најмногу погодени од земјотреси во Турција.
Тој ги продал становите во 2017 година, велејќи дека зградите што ги изградил користел „бетон отпорен на земјотрес Ц-35 и железо тестирано на TSE“.
Озкан, кој е член на Партијата на правдата и развојот (АКП), владејачката партија на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, беше кандидат за градоначалник на Антакија во 2019 година, но не беше номиниран.
Турските медиуми пишуваат дека Озкан учествувал на конгресите на партијата и рекол дека „луѓето за каузата секогаш му се достапни на газдата“.
Засега не се знае дали и тој е на списокот на лица по кои е распишана потерница.
На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од неговите згради кои се урнаа во земјотресот.
Да потсетиме, турските власти денеска објавија дека се издадени 113 налози за апсење во врска со изградбата на зградите кои се урнаа во земјотресот во понеделникот.