Жителите на Охајо се изјаснија против легализација на марихуаната

Од:

Жителите на сојузанта држава Охајо на вчерашниот референдум се изјаснија против легализацијата на рекреативно користење на марихуана, јавија денеска американските медиуми.

Речиси две третини од гласачите, односно 72 проценти, на референдумот се изјаснија против легализацијата, објави весникот „Колумбос Диспеч“.

– Во време кога премногу семејства се распаѓаат поради злоупотреба на дрога, жителите на Охајо одбиваат да се олесни пристапот до неа и наместо тоа избраа да се борат за зајакнување на семејствата и меѓучовечките односи, изјави гувернерот Џон Касич, кој е во трката за номинација за републикански кандидат за претседател на САД.

Групата „Респонсбл Охајо“, која го иницираше референдумот, предлагаше да се легализира правото секој поединец постар од 21 година, да поседува 28 грама марихуана за лична употреба.

Во САД досега само во сојузните држави Колорадо, Вашингтон, Орегон и Аљаска се донесени закони кои го олеснуваат пристапот и користењето на марихуана.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас