Жестоки судири помеѓу демонстрантите и властите во Каиро

Од:

Египетските демонстранти фрлаа камења и се судрија денеска со припадниците на безбедносните сили, кои употребија солзавец и водени топови, пред претседателската палата во Каиро.

Околу 6.000 демонстранти се собраа пред палатата на претседателот Мохамед
Морси, удирајќи во нејзините порти и фрлаа камења и чевли во дворот, каде има фрлено и најмалку еден “молотов коктел”.

Едно дрво во дворот на палатата се запалило, а безбедносните сили одговорија со водени топови и солзавец.

Толпата извикувала “Оди си, оди си” што се однесуваа на Морси.

Уште илјадници од нив одржаа митинг на централниот плоштад во Каиро, Тахрир, додека голем број луѓе протестираа и во суецкиот град Порт Саид, кој ги доживеа најголемите судири и најголемиот број на жртви.

Во Египет, веќе осми ден траат протестите, а денешните ги организираа противниците на Морси.
Сепак, во редовите на опозицијата изгледа се појави раздор, како што наведува АП, бидејќи некои ги критикуваа своите политички лидери, затоа што вчера имале прв состанок со ривалското Муслиманско братство, од чии редови е Морси.

Околу 60 лица загинаа во протестите, немирите и судирите кои беснеат во Египет од минатата недела, најголеми по соборувањето на поранешниот лидер Хосни Мубарак во февруари 2011 година.
Протестите беа предизвикани од јавниот гнев насочен против Морси и неговото братство, поради монополизација на моќта и неуспехот соодветно да се справи со зголемените проблеми на земјата.

Гневот е дополнително засилен со фактот што Морси јавно го подржа она што јавноста го сметаше за прекумерна употреба на сила против демонстрантите минатиот викенд, особено во Порт Саид, каде загинаа околу 40 луѓе.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски