Рут Буенида Местокиари ја изгради својата кариера и ја одредува судбината на својот народ на основа на законот.
Но таа нема диплома по право. Всушност, таа и воопшто не учела во основно училште се додека не станала тинејџер, и не го завршила средното се до својата 25-та година. Додека нејзините врсници оделе на предавања, таа го минувала своето детство во 80-ите и 90-ите на релацијата помеѓу нејзиното родно село Кутивирени, градот Сатипо и Лима, додека дводецениската граѓанска војна во Перу ја уништувала нејзината заедница и и го одзела татко и, кој бил убиен во насилствата кога Буенида имала 12 години.
Она што денес го има Буенида се пет деца, најстарото има 18 години, и „прекрасен сопруг“. Таа се разликува и по тоа што е првата жена претседател на Каре, организација која претставува околу 10.000 домородци од Ашанинка кои живеат долж брегот на реката Ене во перуанскиот Амазон. И ја има дарбата да растура огромни хидроелектрични брани, да наруши не еден туку два планирани проекти за кои таа верува дека ќе ги раселат Ашанинките, и ќе ја уништат прастрата земја од која тие зависат за нивно преживување. Тоа е закана која таа ја опишува како „економски тероризам“, асоцијарјќи на вооружениот тероризам која го доживеала за време на граѓанската војна.
Покрај се, таа успеала да се усоврши во нешто кое сите го сметаме за мрачна уметност: во поднесувањето на тужби.
Триесет и седум годишната жена која неделава доби награда Голдман за животна средина заради нејзините заложби, употребува неколку тактики во нејзините дуели со браните, кои првпат беа претставени како дел од договорот за енергија помеѓу Перу и Бразил во 2010 година. Таа усовршила технологија со користење на лаптоп и комјутерски симулации, за да му укаже на континентот како браните ќе ја поплават долината на реката Ене. Го привлече вниманието на медиумите, воспостави меѓународни партнерства, и го мобилизираше нејзиниот народ во регионалните собранија.
Но над се, таа постојано и без прекин инсистира на тоа дека законот е на нејзина страна – посебно договорот на Меѓународната организација на трудот, која Перу ја ратификуваше во 1994 година, и на националната легислатива која земјата ја донела во 2011 година. И со двата, владата се обврзува да се консултира со домородните заедници пред да започне проекти за развој – без разлика дали се тоа иницијативи за инфраструктура или концесии за рудници – кои би имале влијание врз нив. Овој концепт е познат како „предконсултации“.
Главниот аргумент на Буенида не е дека браните се сами по себе нелегални, туку дека перуанските власти мораат прво да го слушнат мислењето на својот народ како да се продолжи со проектот – односно ако воопшто постои основа тој да продолжи. Со поднедување на тужби во перуанските судови, со помош со правни советници и со отварање на нејзин случај во вашингтонскиот Интерамериканска комисија или Хјуман рајтс, Буенида барем засега врши притисок врз перуанскте власти и бразилските компании да сопрат со изградбата на Пакицапанго, и 40 брани Тамбо.
Во одредувањето на правни приоритети врз други, клучниот став на Буенида е на оган да се одговори со оган. По се, сите предложени брани се производ на сложноста помеѓу владите – 50-годишниот договор за енерегија кој Перу и Бразил го потпишале во 2010 година. Планот бил бразилските корпорации да ги оградат реките во прашумата Амазон во Перу, и да произведуваат до 7,200 мегават часови струја од водата. Лидерите во Перу тврдат дека електраните ќе создадат илјадници работни места за перуанците, и дека ќе дондесат ефтина струја до руралните области. Но според тој договор, повеќето од произведената струја треба да биде извезена во Бразил.
-Тие мислеа дека ќе кршиме прозорци и ќе протестираме како во Конга, но нема, рече Буенида за Њујорк тајмс во 2012 година, асоцијарјќи на жестоките демонстрации во северен Перу против проект со рудници за злато. „Истото што ни го прават со правните документи, ќе им го правиме и ние“.
Меѓународните договори и националните закони им овозможуваат права на Ашанинка, размислува таа. Сега е ред на Ашанинка да го искористат тој закон.
Досега, Буенида имаше неверојатен успех – посебно во однос на тоа што таа и нејзината малечка организација (Каре немала канцеларии и имала само една дактилографка кога таа застанала на нејзино чело во 2005), и ја оптоварија владата и големите меѓународни компании со огромни пари.
Но нејзината тактика има и свои последици. За почеток, националните и меѓународните правни рамки не секогаш содржат проширена дефиниција на домородното население која е нивната територија, што е можеби објаснувањето зошто Буенида сеуште ја притиска перуанската влада за ги определи правата на земјиштето за сета Ашанинка заедница која таа ја претставува. Стратешкиот план на Каре за 2015 година ја дефинира земјата во смисол дека е онолку духовна колку што е и економска. „Ашанинките од реката Ене, како културна група, имаат своја форма на дефинирање на нивните нешта, па зборот `територија` е жив и се однесува во целина на нивниот интегритет, тоа ни помага да живееме, да се храниме, да се лекуваме, да градиме домови, и во рамките на тоа вообичаено да водиме мирен живот без страдања“.
Правниот процес е исто така бавен, болен и одолговлекуван. Кога зборував со Буенида по телефон на почетокот од месецов, таа не звучеше како жена која се спротивставила за две мега-брани и победила. Таа звучеше како жена која се соочила со две мега-брани и успеала да ги доведе до следно сослушување пред суд, со секогаш постоечка шанса за изградбата на браните.
– Се уште чекаме, се уште чекаме, ми рече во однос на нејзината тужба „хабеас дата“ за добивање на информации за Пакицапанго проектот (перуанскиот судија донел пресуда перуанското министерство за енергија и рудници да им ги предаде корпоративните документи поврзани со планираната брана на Ашанинка, но од министерството сеуште не ја извршиле оваа наредба).
Од министерството сеуште веруваат во економскиот потенцијал од браните, но сеуште не пронашле нови компании кои ќе ги финансираат и изградат, објаснува таа и додава: „На штрек сме“.
Во последниве години, домородните народи низ светот, а посебно во Латинска Америка, се свртеа кон законите за да си ги одбранат своите права. Но приказната на Буенида кажува и за ограничувањата како и за потенцијалот од „предконсултациите“ како гаранција за тие права. Како што истакнаа Алмут Шилинг-Вакафлор и Рокарда Флемере во нивниот скорешен извештај од Германскиот институт за глобални и локални студии, ефективните консутлации помеѓу владите и домородните народи во врска со развојните прокети зависат од тоа како правните прнципи се изведуваат во пракса. Дали се државните институции ненаклонети и способни да балансираат помеѓу различните интереси? Кој ја има вистинската моќ во донесувањето одлуки: владата, корпорацијата или консултираната група? Дали договорите кои ќе ги постигнат овие страни се обвзрувачки?
Со овие неодговорени прашања, „предконсултациите“ не се сфаќаат како обврска во Перу, каде бунтови на домородните групи во врска со искористувањето на природните ресурси во минатото се претвотрја во смртоносни насилства. Претседателот на Перу тврди дека националната легиславатива „предконуслтации“ од 2011 – која е прва од овој вид во Латинска Америка – „ќе им даде шанса на потребите на домордните заедници во земјата, и оттука ќе придонесат за поголема социјална хармонија“. Шилинг-Вакафлор и Племер пишуваат: „Сепак, сегашниот тренд всушност наведува во спротивна насока: бројот на социјални конфликти во Перу пораснал од 217 во 2011 на 247 во 2012 година, а поголемиот дел од нив се класифицирани како социо-еколошки конфликти поврзани со секторот рударство“.
Всушност, перуанските власти не ги користеа „предконсултациите“ во пракса се до почетокот на 2013, и повеќе пати го заобиколуваа овој процес додека бараа инвестиции за прокетите со природните ресурси. Минатиот мај, Иван Ланегра, владин претставник одговорен за имплементација на законот за „пердконсултации“ си дал оставка од протест заради одлуката на владата да не ја примени ова легислатива за групите народи кои го зборуваат јазикот Куечуа во Андите, локација каде има неколку потенцијални проекти со рудници.
Овој проблем беше централен во дебатата за „предконсултации“ и во врска со поширока дебата во регионот како да се поделат приходите добиени од природните ресурси, за да се избегне структурна нееднаквост која постои уште од колонијално доба. Кои групи владата ќе ги смета за домородни? Ланегра тврдел дека Куечуа, како и групите народи во перунаскиот Амазон, се домородни, додека министерот за енергија и рудници сметал дека не се. На крајот, победило мислењето на министерот.
– Справувањето со големи компании не е лесно, рече Буенида во видео порака на ОН, каде се претставени профили на домородни жени лидери во Перу. „Тие имаат пари и плаќаат за да се поделиме… Без земја, домородните народи се никој и ништо“.
Што се однесува на дипломата по право, за Бенида таа е на дофат. Таа неодамна ги одложила студиите заради тешко подносливите обврски со мајчинството и со нејзината работа. Но ако се оди добро, таа планира да дипломира на Универзитетот во Сатипо до крајот на годинава. Можеби токму во време пред следниот круг сослушувања во судот.
Атлантик – Вашингтон