Жената која ја глумела Елизабета Втора, а никогаш не ја запознала, заминува во пензија

Од:

Мери Рејнолдс (89), која живее во Епинг, Есекс, била двојничка на кралицата Елизабета Втора цели 34 години. Со оваа работа почнала да се занимава во 1988 година, а кога имала 17 години за прв пат и било кажано дека изгледа исто како Елизабета.

Меѓутоа, бидејќи кралицата почина на 8 септември, дојде време и Мери да се пензионира и таа одлука ја прави многу тажна.

Таа се појави во телевизија и филм, а нејзините значајни настапи ја вклучуваат главната улога во комедијата Булси од 1990 година наспроти покојниот Роџер Мур, како и појавувањето на 25-годишнината на Доктор Ху во 1988 година.

Рејнолдс им рече на новинарите дека одлуката да се пензионира ја прави „многу тажна“.

– Само што се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со капи и само сфатив каде да ги ставам, а потоа сфатив дека повеќе нема да ми требаат – рекла таа.

Таа рече дека веројатно ќе ги задржи сите облеки на „Кралицата“, бидејќи тие биле „дел од нејзиниот живот толку долго“.

Таа им откри и на новинарите дека одамна има две посебни гардероби дома: едната за сопствената облека, а другата за „кралицата“ од која со задоволство „позајмила“ неколку парчиња облека кога приликата била особено празнично.

Потсетувајќи се на моменти од нејзината кариера, Мери Рејнолдс изјави дека луѓето различно реагирале кога ќе ја видат, мислејќи некое време дека навистина е англиска кралица, а најмногу од неа барале заедничка фотографија.

Иако никогаш не ја запознала Елизабета Втора, Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите главни настани во животот на кралицата.

Би можело да ве интересира

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Макрон: Ви благодариме, Ваше Височество

Ана Ололовска

ВИДЕО: Објавена рутата по која ќе се движи ковчегот на кралицата Елизабета

Ана Ололовска

ВИДЕО: Денеска ќе биде погребана кралицата Елизабета Втора

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Револтиран Британец го нападна Чарлс: Mораме да ја платиме вашата парада, a eдвај си ги грееме домовите

А1он

Однесувањето на Меган ги налути фановите, длабоко се поклони пред ковчегот на кралицата: „Лицемерна е“

А1он