(ВИДЕО) Снимки од тајни средби, подготовки за граѓанска војна и пуч во Србија

Од:

Опозицијата и невладините организации ќе распоредат свои активисти за време на протестот во Белград на 15 март за да го убедат мнозинството од собраните дека крајното барање треба да биде промена на власта, односно државен удар или граѓански конфликт од поголем обем, објави РТС.

Во специјалната програма што се емитуваше вечерва во три дела и на пет телевизии истовремено беа прикажани снимки од тајните средби на политички и невладини активисти на кои се разговара за плановите за насилно преземање на власта во Србија. За 15 март планираат заземање на РТС, како и на републичкото Собрание.

Во специјалната емисија беа прикажани оригинални аудио снимки од планирањето на граѓанската војна во Србија. Една од повпечатливите изјави е онаа на активистката Мила Пајиќ за српскиот претседател Александар Вучиќ.

“Немаме легитимитет да го замениме во овој момент, за жал. Не ми се допаѓа тоа, но така е. Физички не може, може само да си замине. Знаеме дека Вучиќ ќе биде таму на 16 март, тоа е факт. Единственото нешто што може да се случи е да му се случи нешто”, изјави Пајиќ.

Снимката како што беше кажано е направена со телефон од еден од учесниците во овие договорања, кој сакал да се амнестира од тоа што го планираат за 15 март. Веста не ја објавија опозиционите телевизии во Србија кои ги поддржуваат протестите, како и медиумите во регионот кои секојдневно објавуваат вести за протестите во Србија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокадерите запреа автомобил во кој имаше родители со мало бебе

Протест пред Палатата на правдата во Белград поради апсењето на студенти

Нови апсења во Србија: Уапсени се двајца осомничени за повикување на насилна промена на власта

Горан Наумовски

(ВИДЕО) РТС: Протести во Земун и пред ВЈТ во Белград поради притворањето на група студенти

Горан Наумовски

(ВИДЕО) B92: Блокадерите планираат блокада на Палатата на правдата и нови напади

Студентите повикуваат на граѓанска непослушност во сите општини во Србија