(ВИДЕО) Револтиран Британец го нападна Чарлс: Mораме да ја платиме вашата парада, a eдвај си ги грееме домовите

Од:

Кралот Чарлс Трети денеска во Кардиф ја поздравуваше јавноста кога маж од публиката вербално го нападна, мислејќи на актуелната економска криза која го погодува британскиот народ. Додека новиот крал ги поздравуваше луѓето со ракување, еден човек сакал да го знае неговото мислење за зголемените трошоци за греење и парите што британските даночни обврзници ги трошат за кралското семејство.

dobivaj vesti na viber

Економска криза во британските домови

„Додека се бориме да ги загрееме домовите, мораме да платиме за вашата парада. Даночните обврзници плаќаат 100 милиони фунти за вас, зошто?

Кралот Чарлс промрморе нешто како „сигурно“ и брзо ја сврте главата и продолжи да се ракува со другите.

Пред посетата на Чарлс на Велс, велшкиот прв министер Марк Дрејкфорд рече дека антимонархистите имаат право да протестираат се додека тоа е воздржано.

Ова не е прв инцидент од ваков вид. Пред само неколку дена, за време на поворката што го носеше ковчегот со телото на кралицата Елизабета до катедралата во Единбург, млад човек од публиката му викаше на принцот Ендру дека е „стар и болен“, а полицијата го приведе во притвор и му поднесе кривична пријава за нарушување на јавниот ред и мир.

Би можело да ве интересира

Кралот Чарлс го слави својот 74-ти роденден

А1он

ВИДЕО: Маж фрли јајца кон Чарлс и Камила: Оваа земја е изградена врз крвта на робовите

А1он

Британскиот крал Чарлс Трети ќе биде крунисан во мај идната година

Ана Ололовска

Чарлс не сака да биде како мајка му, дури и ја менува церемонијата на крунисувањето

Горан Наумовски

Официјално откриен надгробниот споменик на Елизабета Втора

Ана Ололовска

Хари имал расправија со неговиот татко на денот на погребот: „Меган не е добредојдена“

А1он